fbpx
logo

Проект 463: Мониторинг на трансферите до граѓанските организации на локално ниво

Институтот за демократија ќе работи на зголемување на транспарентноста за начинот на доделување на средства за граѓанските организации од страна на општините.

Преку проект поддржан од фондацијата Метаморфозис, Фондација за интернет општество и Британската амбасада во РМ, ИДСЦС во три фази ќе го анализира постоечкиот начин на програмирање и доделување на парите за поддршка на граѓанските организации од страна на општините и ќе изработи препораки за подобрување на транспарентоста во ова поле.

Проектот „Проект 463: мониторинг на трансферите до граѓанските организации на локално ниво“ се состои од сет на активности групирани во три работни пакети.

  • Првиот работен пакет опфаќа набљудување на степенот на отчетност и на процедурите за доделување на средства на граѓанскиот сектор од страна на општините. Активностите вклучуваат собирање и анализа на податоци од вклучените чинители во процесот на доделување на средствата;
  • Вториот работен пакет се состои од активности за подигнување на свеста на граѓаните и граѓанските организации за начините на кои општините одлучуваат кого ќе поддржат и транспарентноста при доделување на средства кон граѓанските организации преку спроведување на online кампања.
  • Третиот работен пакет предвидува подготовка на краток извештај со препораки за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините при доделувањето на средствата наменети за граѓанскиот сектор. Проектот ќе опфати 10 скопски општини, како и градот Скопје.

Активностите ќе се спроведуваат во период од пет месеци односно од декември 2016 до април 2017 година, со буџет во износ од 306.638 денари.

Настани поврзани со проектот

Infographic: Cilat organizata janë të mbështetura në komunat të Shkupit?

24.04.2017

Studimi i shkurtër i politikës publike: Zëri 463 - Ku...

Инфографик: Какви граѓански организации поддржуваат скопските општини

24.04.2017

Линк до инфографикот на Албански јазик: https://idscs.org.mk/mk/2017/04/24/infographic-cilat-organizata-jane-te-mbeshtetura-ne-komunat-te-shkupit/ Податоците во инфографиците...

Краток документ за јавни политики: Каде и како се трошат средствата за невладините организации

18.04.2017

Кратката студија на јавна политика е произлезена како резултат на...

Проект 463: Одлука за избор на најдобар понудувач

27.02.2017

Врз основа на член 30 од Статутот на Институт за...

Проект 463: Продолжување на рок за понуди за дизајнерски услуги

21.02.2017

Ве известуваме дека рокот за Повикот за консултантски услуги со...

Проект 463: Повик за дизајнерски услуги

09.02.2017

Во рамки на активностите од проектот „Проект 463: Мониторинг на...

Поврзани објави