Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС), во рамки на својата Практикантска програма, распишува оглас за практикант со целосно работно време за период од 3 (три) месеци со можност за продолжување до 6 (шест) месеци. Практикантот ќе бидe вклучен во рамки на Центарот за финансиско и административно работење на ИДСЦС. Работните обврски на практикантот ќе бидат:
- Поддршка на Административниот и финансиски менаџер на ИДСЦС во остварување на тековните работи;
- Креирање административни документи (барања, информации, потврди);
- Внесување на податоци во ексел табели;
- Поддршка на Проектните менаџери и асистенти во спроведување на актуелните проекти на ИДСЦС;
- Логистичка поддршка при организацијата на јавните настани на ИДСЦС;
- Други работи поврзани со работата на Центарот за финансиско и административно работење.
Потребни знаења и вештини:
- Завршено образование или во последна година на студии на Економски факултет (Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија) и Бизнис администрација.
- Основни познавања на даночната легислатива во РМ;
- Финансиско и архивско работење;
- Основни познавања во банкарско работење (изводи, налози и сл.);
- Основни познавања на Законот за здруженија и фондации;
- Прецизност, доследност и дискреција во работењето.
Преземето го целосниот повик со сите услови на следниот линк:
Повик за практикант во рамки на Центарот за финансиско и административно работење на ИДСЦС
Post Views:
451