Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Balkans in Europe Policy Advisory Group (BiEPAG) и Центарот за Јужноевропски Студии на Универзитетот во Грац, Ве покануваат на конференција насловена “Европска Унија, Македонија, и што можеме да очекуваме по изборите?”. Настанот е поддржан од Европскиот Фонд за Балканот.

Конференцијата ќе се одржи на 25 ноември со почеток во 13 часот на Скопски саем.

Според годишниот извештај на Европската комисија, Македонија се соочува со најтешката политичка криза од конфликтот во 2001 година. Кој е излезот? Како да се справиме со долготрајните политички прашања кои го попречуваат процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија? Каде стои Македонија во однос на останатите земји од западниот Балкан? И дали Берлинскиот процес им помага на земјите од Западниот Балкан?

Конференцијата има за цел да понуди одговори на овие прашања како и да овозможи дебата околу иднината на Македонија и земјите од западниот Балкан во Европската унија.

Настанот ќе го отворат директорката на Европскиот фонд за Балканот, г-ѓа Хедвиг Морваи и претседателот на ИДСЦС, г-дин Марко Трошановски. На конференцијата учество ќе земат проф. Флориан Бибер од Универзитетот во Грац, г-дин Никола Димитров, почесен соработник на Хашкиот институт за глобална правда и член на BiEPAG, како и истражувачот од ИДСЦС, г-дин Зоран Нечев. Се чека потврда од Министерот за надворешни работи, г-дин Никола Поповски.

Агенда за настанот – MK 

Agjenda paraprake – SHQ

https://www.facebook.com/events/1729911787331308/