Граѓански организации побараа да се спроведе ревизија на патните трошоци на ДИК и Собрание

Share on facebook
Share on twitter

Државниот завод за ревизија (ДЗР) да изврши ревизија на патните трошоци и нивните покритија во Државната изборна комисија (ДИК) и во Собранието со цел да се испитаат доказите изнесени во јавноста за нерегуларности во работењето кај овие институции.

Вакво барање до ДЗР денеска заеднички упатија граѓанските организации Центар за економски анализи, „Транспаренси интернешнел“, Институт за европска политика – ЕПИ, Институт за демократија – ИДСЦС и Фондацијата „Отворено општество“.

Граѓанските организации бараат ДЗР да изврши ревизија на усогласеност/регуларност и ревизија на успешност во двете институции. 

Во прилог е целосното барање кое официјално е поднесено до Државниот завод за ревизија.

https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2016/10/CEA-TI-EPI-IDSCS-Baranje-za-revizija_2.pdf

 

Објави поврзани со проектот