logo

Берлински процес: Точка на кристализација на западниот Балкан

Share on facebook
Share on twitter

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје во партнерство со организациите „Група за развојни политики“ од Србија и Фондацијата „Нови политики“ од Босна и Херцеговина промовираше студија за политики „Берлински процес: Точка на кристализација на западниот Балкан“.

Студијата истражува во која мера земјите од западниот Балкан кои се учесници во Берлинскиот процес ги исполнувата обврските кои произлегоа од „Финалната декларација“ од Самитот за западен Балкан кој се одржа во Виена во 2015 година како и од „Заедничката декларација за воспоставување на регионална младинска канцеларија за соработка“ и „Декларацијата за регионална соработка и надминување на билатералните спорови“. Студијата ја анализира и улогата на граѓанските организации во Берлинскиот процес.

Студијата беше прoмовирана во Белград непосредно пред одржувањето на самитот за западен Балкан во Париз кој се одржа на 4 јули 2016.
На следниот линк можете да ја преземете студијата на англиски јазик:

Регионална студија Берлинкси процес

Проектот е финансиран од Европскиот фонд за Балканот.

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива поврзана со идните проширувања на Европската Унија. Иницијативата почна со Конференцијата за западен Балкан во Берлин во 2014 година. Процесот е инициран со цел да се задржи динамиката на интеграциите кон ЕУ. Берлинскиот процес е иницијатива за меѓувладина соработка со цел да се засилат врските меѓу западниот Балкан и членките на ЕУ како и да се подобри регионалната соработка околу инфраструктурниот и економскиот развој.

Настани поврзани со проектот

Документ за јавни политики: Иднината на Берлинскиот процес

10.07.2017

Берлинскиот процес е единствениот процес на највисоко политичко ниво кој...

Документ за јавни политики: Што се оствари, а што не од Берлинскиот процес? И зошто?

07.07.2017

Документот ги анализира резултатите од рамката на Берлинскиот процес. Ги...

Западниот Балкан и Берлинскиот процес: Што е постигнато до сега и кои се следните чекори?

24.01.2017

Во која мера се спроведуваат реформите од Берлинскиот процес и...

Документ за јавни политики: Берлински процес и како договорите да станат поефективни и поефикасни

22.12.2016

Берлинскиот процес е една малкуте преостанати платформи со фокус на...

Анализа: Враќање на трансформативната моќ на Европската Унија на Западниот Балкан

17.10.2016

"Европската унија се наоѓа во средина на мноштво на надополнувачки...

Поврзани објави