konkurs istrazuvacki storii korupcija

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС) ги покануваат сите заинтересирани новинари и студенти по новинарство да понудат предлог теми за истражувачки стории поврзани со корупцијата.

Предложените теми може да опфатат:

  • висока корупција
  • злоупотреба на јавни средства преку субвенции и јавни набавки и сл.
  • административна корупција
  • анализа на новите форми на економски криминал
  • можна злоупотреба на средства од ЕУ и други донатори
  • даночните измами

Конкурсот е отворен до 15 јуни, а рокот за подготовка на сториите е 29 јули 2016 година.

Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 200.000 денари. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 20.000 денари (бруто). Ќе бидат избрани вкупно 10 предлози. Од изработените истражувачки стории, ќе бидат избрани три најдобри кои ќе бидат наградени. Вкупниот фонд на средства за наградите изнесува 150.000 денари.

Целиот конкурс и документите за пријавување можете да ги најдете тука. (Конкурс, Пријава, Прилог) Комплетните пријави треба да се достават до Миша Поповиќ, на misha@idscs.org.mk  и Марија Саздевски на msz@mcms.mk. Прашањата поставете ги на истите адреси. Конкурсот е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува МЦМС во соработка со ИДСЦС, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ).