logo

Повик за Антикорупциски форум за Западен Балкан на Вишеградската школа за политички науки

korupcija
Share on facebook
Share on twitter

korupcija

Вишеградската школа за политички науки организира Антикорупциски форум за Западен Балкан во периодот од јуни до декември 2016. Форумот се состои од серија на настани кои ќе се одржуваат во Белград, Варшава и во шест балкански градови.

Целта на форумот е споделување на искуствата од борбата против корупцијата во земјите од групата Б4 (Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Целта на програмата е да ги идентификува јазовите во борбата против корупцијата во Западен Балкан, да ги сподели искуствата од теренот и да ги подготви избраните учесници со вештини и знаење неопходни за подобрување на антикоруопциските мерки во нивните земји. Програмата на форумот е организирана во соработка со Фонд за политичка извонредност од Србија, Академијата за политички науки од Албанија, Atlaszto.hu од Унгарија, Прашката академија за дипломатија од Чешка, Цивилната алијанса од Црна Гора , Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Македонија и канцеларијата на ОБСЕ од Полска.

Програмата се состои од три дела:
1. 13-17 јуни 2016: Работилници за корупција во Белград (Србија) која ќе се фокусира на подобрување на антикорупциските мерки и подигнување на јавната свест. Работилниците ќе сочинуваат форум на за размена на искуства меѓу експертите од четирите земји и 30 уесници од 6 балкански земји и од земјите од Вишеградската група. Учесниците преку предавања и дебати ќе ги анализираат и дефинираат корупциските проблеми во Балканските земји. Потоа експертите ќе се помогнат во пронаоѓање на можни решенија за проблемите.
2. 12-13 јули 2016: Студиска посета на Варшава (Полска). Учесниците кои се вклучени во управување со антикорупциски тела ќе ги посетат успешните полските институции кои се покажале успешни во борбата против корупцијата по транзицијата. Посетата ќе биде пропратена со дебати со експерти од четирите земји.
3. 21 септември – 31 декември 2016: Серија од 6 отворени состаноци во 6 балкански градови. Средбите че се одржат во периодот од 21 септември до 31 декември 2016. Средбите ќе помогнат да се промовираат заклучоците и исходот од проектот.

Благодарение на Меѓународниот Вишеград Фонд и Советот на Европа стипендиите ги покриваат сите трошоци со исклучок на трошоците за вадење на виза.

Кој може да аплицира:

Антикорупцискиот форум за Западен Балкан на Вишеградската школа за политички науки е отворен за млади професионалци од Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Од пријавените ќе се изберат 30 учесници на возраст од 26 до 40 години, со над 3 годишно работно искуство и активно учество во областа на борбата против корупцијата.

За повеќе информации околу форумот и формуларот за пријавување посетете го следниот линк:

http://visegradschool.org/vsps-western-balkans-anti-corruption-forum/

 На следниот линк е најавата за првиот настан кој ќе се одржи во Белград:

https://www.facebook.com/events/624505241035552/

Поврзани објави