fbpx
logo

ИДСЦС ќе ги истражува неформалните институции преку проект од програмата Хоризонт 2020

horizon

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во рамки на конзорциум на организации предводен од Универзитетскиот колеџ од Лондон е добитник на грант од престижната програма на Европската Унија за истражување и иновации, Хоризонт 2020 со наслов „ИНФОРМ: Затворање на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот“ .

Научниот проект во кој ќе учествува ИДСЦС ќе трае три години и во конзорциумот на организации кои ќе го спроведуваат се вклучени и Институт за етнологија и фолклористика од Хрватска, Центар за интердисциплинарни применети општетствени истражувања од Босна и Херцеговина, Центар за емпириски студии на културата во југоисточна Европа од Србија, Социјални истражувања Косово од Косово, Центар за историски и антрополошки истражувања од Албанија и Рига Страдинш Универзитет од Латвија.

Истражувањето ќе ги следи неформалните односи при:

1. Надворешното потекло на големите трансформации вклучително на транзицијата кон и од социјализам,
2. Нецелосниот карактер на промените, кои претендираат да бидат заменети од подеднавко радикални, но дијаметрално спротивни проекти,
3. Развојот на култура заснована на неформални односи која ги насочува луѓето кон преживување во нестабилни услови,
4. Растечкиот јаз меѓу формалните институтции и неформалните општествени пратики.

Југоисточна Европа е сведок на еден век постојани и продолжени трансформации и транзиција. Овие промени се придружени со стабилизација на општетствени односи и практики кои се отпорни на промена. Потресени од радикалното менување на идеолошките и институционалните структури граѓаните повеќе се потпираат на обичајни и неформални општествени, роднински, пријателски или клановски мрежи за остварување на економските потреби и за заштита, отколу на владеењето на правото.

Одалеченоста меѓу прокламираните цели и постоечките практики претставува клучен предизвик за европската интеграција на балканските општетства. Интеграцискиот процес може да заврши со вештачки промени во чија позадина ќе продолжи да се развива секојдневниот општествен живот карактеризиран со корупција, политички клиентелизам, тензии и општествена нееднаквост. Од таа причина, особено е важно да се објаснат клучните формални и неформални „правила на игра“ и да се идентификуваат и дешифрираат „непишаните правила“ кои го овозможуваат тактичкото маневрирање меѓу формалните и неформалните институции во различни сфери и на различни нивоа на општетствениот живот. Потоа овие правила и односи ќе се споредат со барањата и препораките од клучните документи на ЕУ во кои се врамуваат очекувањата од државите од југоисточна Европа.

Крајната цел на проектот е да придонесе кон формулирањето на препораки за политики чија цел ќе биде да се намали јазот меѓу формалните и неформалните институции во балканските општества.

Настани поврзани со проектот

Влог – Влијанието на неформалните пракси врз европеизацијата на Западниот Балкан

21.06.2019

https://youtu.be/FWmuAxeo8Y0 Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје како дел...

Влог – Телефонска правда: Неформално влијание врз судството во постјугословенски контекст

21.06.2019

https://www.youtube.com/watch?v=1c73biIoEMs Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје како дел...

Влог – Како да се намали клиентелизмот и да се осигура фер политички натпревар во Западниот Балкан?

21.06.2019

https://youtu.be/5XSO7w7f3fo Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје како дел...

Raport: jeta joformale e partive politike në shoqëritë e Ballkanit Perëndimor

05.10.2017

Në Ballkanin Perëndimor, qytetarët që kërkojnë përfitime nga partitë politike...

Извештај: Неформалниот живот на политичките партии во општествата на Западниот Балкан

05.10.2017

На Западниот Балкан, тие што бараат услуги од политичките партии...

ИДСЦС: Оглас за ангажирање на практикант за проектот ИНФОРМ

29.07.2017

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во рамки на својата...

ИНФОРМ: Презентација на научно истражување за политички клиентелизам на Балканот на конвенција во Њујорк

09.05.2017

  Борјан Ѓузелов, надворешен соработник на истражувања на ИДСЦС, ги...

ИНФОРМ Билтен#1: „Лидерски средби“ – (Де)формализирање на политичкото одлучување во Југоисточна Европа

19.04.2017

Aнализата на „лидерските средби“ (пракса на разрешување на сериозни политички...

Информ билтен Бр.1: Важноста на неформалноста

10.04.2017

Иако ги проучуваме неформалните институции, ние на нив не гледаме...

ИНФОРМ лондонска инаугуративна работилница за истражување на формалните и неформалните институции на Балканот

30.09.2016

Работилница за „Намалување на јазот меѓу формалните и неформалните институции...

Регионална ИНФОРМ работилница во Охрид

05.09.2016

Во периодот од 29 август до 1 септември 2016 во...

horizon

Поврзани објави