fbpx
logo

Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите

social inclusion kick off logo

Институтот за демократија “Социeтас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) заедно со партнерите Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВ), започна со спроведување на проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите”.

Целта на проектот е да се зајакнaт капацитетите на Јавната установа Завод за социјални дејности, центрите за социјална работа низ Републиката и граѓанските организации кои работат на полето на социјална заштита во развивање на иновативни програми за социјална вклученост преку ефикасно користење на фондовите на Европската унија.

Имплементацијата на проектот ќе започне со спроведување на анкета наменета за центрите за социјална работа и граѓанските организации со цел да се утврдат нивните капацитети , како и испитување на општото јавно мислење за проблемите поврзани со социјалната исклученост.

Потоа, ќе бидат спроведени четири обуки за поефикасно користење на фондовите на ЕУ со претставници од граѓанските организации, локалните центри за социјална работа и Заводот за социјални дејности. Од проектот ќе произлезе и модул за обуки за управување со ЕУ проекти чија сопственост, по завршувањето на проектот, ќе биде пренесена на Заводот за социјални дејности. Понатаму, проектот промовира натамошно зајакнување на соработка помеѓу граѓанските организации и центрите за социјална работа на локално ниво. Ќе бидат поддржани и активности на граѓански организации насочени кон мониторинг на акциските планови за социјална вклученост во три општини. На крајот, извештаите од направениот мониторинг ќе бидат објавени во збирка.

Проектот ќе се спроведува во периодот од декември 2015 до март 2017 со вкупен буџет од €135.611. Истиот е поддржан од страна на Европската комисија.

Настани поврзани со проектот

Презентација на истражувања: Како до поголема социјална вклученост

13.03.2017

Општините имаат позитивни практики во делот на вклученоста на граѓанските...

Завршна конференција: Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно користење на ЕУ фондовите

10.03.2017

На завршна конференција Институтот за демократија презентираше разработени проектни идеи...

Анкета: Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост

07.12.2016

Повеќе од половина од граѓаните (51,9%) сметаат дека економската состојба...

Анкета: Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите

07.12.2016

Нешто помалку од една третина (31,7%) од примателите на социјална...

Спроведени обуки за истражувачки методи за граѓански организации

02.12.2016

Институтот за демократија “Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка...

Спроведени обуки за проектен дизајн и менаџмент на проекти на ЕУ во Струмица, Велес и Охрид

02.12.2016

Институтот за демократија “Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка...

Социјална вклученост: Повик за аплицирање за мали грантови

28.11.2016

Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) заедно со...

Повик за обука за истражувачки методи и дисеминација на истражувачки продукти

19.10.2016

Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка...

Повик за обука за ЕУ проектен дизајн и менаџмент за граѓански организации

03.10.2016

Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка...

social inclusion kick off logo

Поврзани објави