berlin process

Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) заедно со партнерите Група за развојни политики од Србија и Фондацијата “Нови Политики” од Босна и Херцеговина започнаa со спроведување на регионалниот проект “Подобрување на регионалната соработка: Мониторинг на имплементацијата на заложбите од самитот во Виена за западниот Балкан”.

Целта на проектот е да се унапреди процесот на креирање на политики на регионално ниво преку имплементација на заеднички активности на граѓански организации насочени кон мониторирање на заложбите дадени од страна на владите од регионот во рамки на Берлинскиот процес.

Берлинскиот процес беше инициран од страна на германската Влада во 2014 година. Главната цел на овој процес e да се покаже посветеноста на ЕУ кон процесот на европска интеграција на земјите од западниот Балкан. До сега се одржани две конференции во рамки на овој процес, и тоа првата во 2014 во Берлин и 2015 во Виена. Наредната е предвидена да се одржи во Париз. На самитот во Виена земјите од западниот Балкан се обврзаа на исполнување на низа обврски од повеќе области во насока на подобрување на соработката во регионот и зајакнување на процесот на европска интеграција.

Во рамки на проектот ќе биде изготвена регионална студија за јавни политики која ќе се објави во очи на конференцијата во Париз. Истата ќе биде презентирана на регионална конференција во Белград.

Проектот ќе се спроведува во периодот од Јануари до Декември 2016 со вкупен буџет од €24.975. Овој проект е поддржан од Европскиот Фонд за Балканот.