Општата цел на проектот е да се унапреди процесот на креирање на политики на регионално ниво, и следователно во пристапните земји од Западен Балкан, преку имплементација на заеднички активности на ГО насочени кон мониторирање на заложбите дадени од страна на владите во рамки на Берлинскиот процес и во регионалните институции каде што земјите учествуваат.
Очекувани резултати се следниве: 1) Спроведени заеднички активности на ГО и воспоставена мрежа на ГО за соодветно мониторирање на имплементацијата на заложбите од Берлинскиот процес и предлагање на алтернативни решенија; 2) Напреден, иновативен и координиран механизам за ангажман на граѓанското општество на регионално ниво; 3) Воспоставени специфични тематски области на јавни политики за соработка со гранското општество во согласност со Берлинскиот процес, врз основа на хрватското искуство и научените лекции; 4) Сензибилизиран граѓански сектор и јавни органи во пристапните држави од западниот Балкан за важноста за вклученоста на ГО во креирањето на политики.
Донаторска организација: Европскиот фонд за Балканот
Проектни партнери: Група за развојни политки (ГРП)- Србија и Фондација “Нови Политики” – Босна и Херцеговина.
Временска рамка: Јануари 2016 – Декември 2016
Буџет: €24.975
Проектанта имплементација во четири фази (подготвителна фаза, фаза на истражување на политики, фаза на застапување на политики, и мониторинг и евалуација на проектното влијание) ги предвидува следниве активности: а) Воспоставување на истражувачкиот тим б) подготовка за истражување на политики, дизајн и работен план; в) анализа на институционалната рамка и пошироката општествена средина; г) мапирање на јавните органи надлежни за имплементација на стандардите предвидени со декларациите, како и идентификување на ГО чинителите (со потврден интерес во релевантно поле на политики); д) анализа на политики и документација; ѓ) прибирање на податоци од јавните органи и идентификуваните ГО; е) подготовка на драфт регионална студија; ж) јавен промотивен настан з) дистрибуција на регионалната студија за рецензија до сите релевантни чинители кои учествувале во испитувањето
Резултати од проектот: 1) Регионална студија за имплементацијата на заложбите (декларациите), дадени на Самитот на Западен Балкан во Виена 2015, во Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, како и учеството на граѓанските организации во ова поле; 2) Регионален состанок на релевантните национални чинители на национално ниво и од регионалните организации и иницијативи. 3) Краток документ за јавни политики – Развој на Берлинскиот процес по Парискиот Самит.
Настани поврзани со проектот
Берлинскиот процес успеа да ги седне на маса лидерите и министрите од земјите на Западен Балкан да разговараат и...
Берлинскиот процес е единствениот процес на највисоко политичко ниво кој исклучиво се фокусира на шесте преостанати земји од Западниот...
Документот ги анализира резултатите од рамката на Берлинскиот процес. Ги вреднува напредокот направен во однос на политиките како оние...
Во која мера се спроведуваат реформите од Берлинскиот процес и како тие придонесуваат за регионалната соработка и унапредување на...
Берлинскиот процес е една малкуте преостанати платформи со фокус на интеграција на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија....
“Европската унија се наоѓа во средина на мноштво на надополнувачки кризи. Можната сецесионистичка криза поттикната од Брегзит е последната...
Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје во партнерство со организациите „Група за развојни политики“ од Србија и Фондацијата...