logo

Промовиран документ за политика: „Како да се унапреди вклучувањето на граѓанските организации во давањето на услуги?”

GEM1
Share on facebook
Share on twitter

GEM1

Државата сѐ уште не го вреднува доволно учеството на граѓанските организации кога тие се јавуваат како даватели на социјални услуги, иако голем број од нив се активни на ова поле.

Координираноста меѓу државата и граѓанските организации при давањето на услугите е ниска со што се јавува јаз кој треба да се надмине со поодлучно и поефективно вклучување на институциите. Тоа може да се направи преку создавање на национална политика за развој и поддршка на граѓанските организации кои учествуваат во овие активности. Посериозно државно учество исто така е потребно и за подобрување на целосните услуги кои ги добиваат корисниците во областите социјална заштита и помош, здравство, образование и правна помош.

Ова се генералните заклучоци од краткиот документ за јавни политики „Како да се унапреди вклучувањето на граѓанските организации во давањето на услуги? Состојби, предизвици и можности” на авторите Јован Близнаковски и Христијан Петрушев, подготвен во рамки на проектот „Граѓански организации како даватели на услуги: унапредување на практиките и зголемување на можностите“.

Документот промовиран на 16.12.2015 во ГЕМ клубот содржи приказ на состојбата на граѓанските организации кои работат како даватели на услуги и препораки насочени кон подобрување на можностите за учество на ГО во давањето на услуги. На промоцијата учество зедоа Јован Близнаковски, програмски директор на ИДСЦС, кој ги презентираше наодите од краткиот документ за јавни политики, и Тина Дивјак од ЦНВОС, Словенија, која ја презентираше состојбата на граѓанските организации кои работат како даватели на услуги во Словенија. Воведен збор дадоа претседателот на Институтот за Демократија “Societas Civilis” – Скопје, Марко Трошановски и Симона Огненовска од Македонскиот центар за меѓународна соработка. 

{module GO-davateli-na-uslugi}

Целосниот документ за јавни политики „Како да се унапреди вклучувањето на граѓанските организации во давањето на услуги? Состојби, предизвици и можности е достапен на следниов линк: mk

Настанот се спроведува во рамки на Балканскиот фонд за јавни политики кој е дел од регионалниот проект „Acquis на балканското граѓанско општество – јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“, спроведен од БЦСДН и МЦМС како спроведувач на активностите во Македонија, финансиски поддржан од Европската Унија и Балканскиот фонд за демократија.

Поврзани објави