politicki-dijalog-vest

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас цивилис“- Скопје по повод објавувањето на анализата “Политички дијалог” од авторите Ненад Марковиќ и Миша Поповиќ организираат промоција и дискусија на темата “Политичка култура и недостаток од политички дијалог во Република Македонија” во хотелот Stone Bridge, Скопје на 17 септември, четврток со почеток во 10.00 часот.

Како што авторите во анализата ќе забележат, меѓупартискиот политички дијалог не е цел сама за себе. Тој треба да претставува интегрален дел од политичкиот процес во земјата кој ќе се одвива низ повеќе општествени простори, а во кој, покрај политичките партии како главни актери, ќе се вклучуваат и останати засегнати страни во поширокото граѓанско општество.

Електронската верзија од анализата можете да ја погледнете на следниве линкови: mk al