proud-to-be-european-2015

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ќе учествува на интернационалната работилница во организација на Фондацијата Линум од Унгарија (http://linumfoundation.eu/), поддржана од Централната Европска иницијатива – ЦЕИ (http://www.cei.int/).

„Гордост е да се биде европјанин – важноста на активното граѓанство“ е насловот на работилницата, која ќе се одржи од 11-12 септември во Nagykovácsi, Унгарија, со говорници и учесници од 15 земји.  

Главните цели на работилницата се споделување на искуствата и запознавање со најдобрата пракса на невладините организации. Фокусот ќе биде ставен на младите и нивниот пристап кон ЕУ: Што тие знаат за тоа? Како истото го разбираат? Како учеството и активизмот на граѓаните може да се унапредат со користење на новите технологии?

Темите кои ќе се обработуваат ќе ги опфатат и малцинствата и изолираните земји, зголеменото внимание на јавноста за ЦЕИ и Вишеградската соработка, мотивирање на граѓаните да дејствуваат и да соработуваат со цел подобро разбирање, ширење на Вишеградската и Централно Европската идеја и конечно, насока за тоа како да се даде придонес кон позитивен развој во земјите од Централна и Источна Европа и Балканот.

На следниот линк можете да го погледнете промотивното видео за настанот: http://linumfoundation.eu/node/271