Platforma press

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Мрежата 23, на 31 август 2015 година, упати повик до сите вклучени страни во процесот на донесување одлуки за прашањата утврдени во Договорот на политичките партии и неговиот анекс за отвореност, транспарентност и вклучување на граѓанскиот сектор и сите засегнати страни.

Во овие клучни моменти за иднината на нашата земја, неопходно процесите да бидат отворени и да обезбедат вклучување и придонес од граѓанскиот сектор и другите засегнати субјекти, во изнаоѓањето на решенија и донесувањето на одлуки.

Во заедничката иницијатива, членките на Платформата и Мрежа 23 повикаа на:
• Транспарентно и одговорно однесување на сите политички партии;
• Владата да го објави Нацрт-акцискиот план за реализација на Итните реформски приоритети на Европската комисија, кои произлегуваат од Извештајот на експертската група на ЕУ;
• Собранието да овозможи граѓанските организации да ја следат работата на Собранието во периодот од 1 септември до неговото распуштање преку учество во комисиски расправи, како и наорганизирани јавни дебати за Акцискиот план и прашањата кои произлегуваат од него;
• Преговарачите да обезбедат јавноста да биде информирана за работата на работните групи на политичките партии кои одлучуваат за мерките предвидени во Договорот преку усогласена изјава од нивна страна објавена по секоја средба;
• Преговарачите да обезбедат транспарентност на процесот на дефинирање на улогата на специјалниот јавен обвинител и вклучубање на сите засегнати страни.

Истите организации понудија придонес преку:
• Експертиза, анализи, извештаи и публикации соодветни за прашањата од Договорот на политичките партии, како и Итните реформски приоритети;
• Следење на спроведувањето на Акцискиот план со редовни седмичниизвестувања за напредокот во спроведувањето;
• Следење на работата на клучните независни и регулаторни тела како: Судскиот совет; Совет на јавни обвинители; Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија, Агенција за аудио и аудио визуелни медиуми; и сл.
• Следење на постапките по предметите кои ќе бидат во надлежност на специјалниот јавен обвинител, како и други судскиистраги значајни за Итните реформски приоритети.