erma2015

Универзитетот во Сараево и Универзитетот во Болоња го објавуваат 15-от повик на „Европските регионални мастер студии по демократија и човекови права во Југоисточна Европа“ – ЕРМА.

ЕРМА e целосна мастер програма со интердисциплинарен карактер покривајќи широк спектар теми блиски на демократија и човекови права од овој регион. Таа е заедничка иницијатива на Универзитетот во Сараево и Центарот за интердисциплинарни студии при Универзитетот Болоња – Форли кампус, Институтот за Централна Европа и бaлканот, заеднички кофинансирана од 2000-01 година од страна на Европската Комисија преку Европскиот меѓууниверзитетски центар за демократија и човекови права и Министерството за надворешни работи на Италија преку амбасадата на Република Италија во Босна и Херцеговина. Програмата трае една година, на неа студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС и двојна диплома (double-degree) од двата универзитети од кои е основана (УНСА и УНИБО).

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје и оваа година е партнер организација од Македонија на оваа мастер програма. Подетални информации можете да причитате на овој линк.