Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) започнува со спроведување на проектот „Агора сесии – практикување на партиципативно креирање политики“. Целта на проектот е да допринесе кон зголемено учество на македонското граѓанското општество во процесите на креирање политики од областа владеење на право (поглавја 23 и 24 од правото на Европска Унија). Земајќи ја предвид праксата на ниското учество на граѓанските организации во оваа сфера, се јавува потреба за заеднички активности врз основа на постоечки и разработени препораки кои би го засилиле притисокот врз креаторите на јавните политики во Македонија. Ваквиот притисок ќе биде остварен преку заеднички собири, Агора сесии на граѓанските организации за конципирање на релевантни препораки за јавни политики. Воедно, постои потреба и за сеопфатна евалуација на учеството на граѓанскиот сектор во процесот на подготвување на јавни политики и за таа цел во рамки на проектот ИДСЦС ќе изработи еден бриф за јавни политики и една студија која ќе го следи патот на донесувањето на законите од нацрт-текст до конечно законско решение.
Во рамки на проектот ќе биде изработена и датабаза на експерти од областа владеење на право, како и календар на јавни политики кој ќе биде достапен на веб страницата на ИДСЦС.
Проектот ќе се спроведува во периодот мај 2015 – март 2016 со вкупен буџет од 64.280 фунти. Проектот е финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.
За повеќе информации погледнете го информативниот текст за проектот достапен на следните линкови: македонски и англиски
Настани поврзани со проектот
Студија „Од нацрт до закон: Креирање политики и граѓанско учество“
04.07.2016Jавната политика е јасно или прикриено насочена акција, утврдена и...
Завршна конференција од „Агора сесии“: Механизмите за партиципативно креирање политики не функционираат
07.04.2016За еден граѓанин да се вклучи во процесите на креирање...
Агора сесија: Прецизирани предлозите на граѓанските организации за програмата за работа на Владата
02.02.2016Борба против корупцијата на сите нивоа, деполитизација на институциите и...
Краток документ на јавни политики: Во лавиринтите на циклусот на креирање политики
01.02.2016Овој краток документ за јавна политика има за цел да...
Организирана обука за проценка на влијание на регулатива за граѓански организации
23.12.2015Граѓанските организации можат да влијаат и да учествуваат во создавањето...
Календар на јавни политики
23.11.2015Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС), во рамки на...
За ефикасно справување со корупција потребен е закон за заштита на “свиркачи”
27.10.2015На 6 октомври 2015 година се одржа втората Агора сесија...
Прва Агора сесија: Партиципативно креирање политики
22.07.2015Претставниците на граѓанските организации се согласија дека во најголем број...
База на податоци за експерти во демократија и владеење на право во Македонија
30.06.2015Во рамки на проектот „Агора сесии – практикување на партиципативно...
База на податоци: Повик за вклучување на експерти од област на демократија и владеење на право
11.06.2015Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје (ИДСЦС) објавува повик...