logo-idscs-fountain-back-mk

Институтот за демократија упати повик до ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, Претседателот на Република Македонија и претставниците на меѓународната заедница кои го набљудуваат процесот на преговори за излез од политичката криза на следните лидерски средби како набљудувачи да бидат вклучени и граѓански организации и движења.

ИДСЦС констатира дека улогата на граѓаните е важна во осигурување дека потребните реформи за демократизација на општеството ќе бидат одржливи и долготрајни.

Сметаме дека граѓаните се засегната страна во процесот на демократска трансформација и мора да бидат вклучени. Потсетуваме дека суверенитетот во Република Македонија произлегува и им припаѓа на граѓаните.

Целосниот повик можете да го преземете на следниот линк – mk

Со почит, Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје