logo

Одржани пет јавни дебати за спречување на судирот на интереси

javni debati 0
Share on facebook
Share on twitter

javni debati 0

Во текот на месец април 2015 година во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на судир на интереси во јавната администрација“ беа одржани пет јавни настани кои имаа за цел да ја зајакнат јавната дебата во поглед на прашањето на превенција од судирот на интереси во локалните јавни администрации. На настаните беа презентирани истражувањата подготвени од грантистите на проектот и членки на Граѓанската мрежа за спречување на судирот на интереси. Освен претставниците на граѓанските организации кои се членки на Мрежата, на настаните говореа и претставници на локалните самоуправи, јавни претпријатија, но и останати национални и локални здруженија на граѓани кои работат на полето од интерес. Во текот на дебатите, претставници на проектот ги презентираа активностите, главните резултати и продукти.

Јавните дебати се спроведоа во следните градови: Свети Николе (голема сала на општина Свети Николе, 15 мај 2015), Тетово (ресторан „Принц“, 16 мај 2015), Радовиш (ресторан „Шампион“, 21 мај 2015), Кратово (хотел „Кратис“, 22 мај 2015) и Штип (хотел „Оаза“, 28 април 2015).

Во текот на дебатите повторно беше афирмирана целта на мрежата за поодлучно вклучување на граѓанскиот сектор во превенција од појавите судир на интереси и корупција во јавната администрација. Истражувачките наоди кои беа претставени се производ од неколкумесечните истражувачки проекти спроведени од страна на грантистите на „Граѓанска мрежа за спречување на судирот на интереси во јавната администрација“ во периодот јули – октомври 2014. Иако овие истражувања се промовираа од страна на самите организации во крајот на 2014 година, во оваа прилика организациите имаа можност преку дискусија да ги споредат своите наоди и заклучоци кои ја адресираат состојбата во различни општини во Републиката. Претставниците на институциите на локалната власт и јавните претпријатија, од своја страна, ги презентираа своите искуства и практики во полето на спречување на судирот на интереси. Оние говорници кои претставуваа граѓански организации кои не се членови на Мрежата, претставија свои наоди и заклучоци од минати истражувања. Јавните дебати предизвикаа голем интерес кај локалните медиуми, членовите на здруженијата на граѓани, локалните експерти, како и кај претставниците на локалната власт и граѓаните.

На дебатата во Свети Николе учествуваа: Фросина Мишева, Одделение за финансии и буџет во општина Свети Николе; Рахела Симеонова Манева, од Организацијата на жените на општина Свети Николе; Ана Стојиловска од ГО Аналитика, Скопје и Александар Николов од Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, Скопје.

На дебатата во Тетово учествуваа: Горан Ѓорѓиевски од Институтот за развој на заедницата, Тетово; Душко Тодороски од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит, Скопје; Рахела Симеонова Манева од Организација на жените на општина Свети Николе и Моника Вељаноска од Асоцијацијата за демократски иницијативи, Гостивар.

На дебата во Радовиш учествуваа: Јанка Димитрова од Здружението „Инвентивност“, Радовиш; Невенка Лонгурова Гирова од Фондација за развој на локалната заедница, Штип; Верица Газепова од Канцеларијата за локален економски развој, општина Радовиш и Виолета Шаклева, раководител на одделот за јавни набавки, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

На дебатата во Кратово учествуваа: Лимонка Ѓорѓиевска, Општина Кратово; Борјанчо Мицевски од Регионалниот центар за одржлив развој, Кратово; Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл – Македонија; Мери Ефремова од Jавното претпријатие „ИСАР“  Штип и Зоран Иванов од Фондацијата за развој на локалната заедница, Штип.

На дебатата во Штип учествуваа: Зоран Иванов од Фондација за развој на локалната заедница, Штип; Виолета Шаклева, раководител на одделот за јавни набавки при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип; Кирил Јорданов, соработник за јавни набавки во локалната самоуправа на Општина Штип и Благица Киров, од Едукативно-хуминатарната организација „ЕХО“, Штип.

Во продолжение ги пренесуваме материјалите од дебатите, како и фотографии од истите.

Свети Николе, 15 април 2015

Тетово, 16 април 2015

Радовиш 21 април 2015

Кратово, 22 април 2015

Штип, 28 април 2015

покана

покана

покана

покана

покана

соопштение до јавност

соопштение до јавност

соопштение до јавност

соопштение до јавност

соопштение до јавност

{module javni-debati}

Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ е спроведуван од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а е овозможен со финансиска поддршка на Европската Комисија преку програмата IPA Civil Society Facility.

Поврзани објави