fbpx
logo

Собранието под лупа: Извештај за дебатата на пратениците во декември

sobranie-zgrada

sobranie-zgrada

Пратениците во декември ја зголемија интеракцијата, но повторно не успеаја да се разубедат во исправноста на своите аргументи и секој остана во својот „ров“. Измените на законите за високо образование, за просторно и урбанистичко планирање и за административни службеници ги испровоцираа пратениците да дискутираат што се согледува во зголемување на репликите и контрарепликите.

Опозицијата во декември го зголеми уделот во дискусиите во однос на претходниот месец и достигна 21%. Тоа е еднакво на опозициското учество во дискусиите во октомври, а тоа воедно е највисоко ниво забележано на мониторираните седници досега.

Сепак, дебатата околу повеќето законски предлози генерално останува слаба.

Учесниците на мониторираните седници во декември повторно не покажаа интерес и подготвеност за менување на ставовите поради поквалитетни аргументи изнесени во расправата имајќи предвид дека ниту еден пратеник не укажал на промена на својата позиција. Во најголем дел говорниците не се ни осврнале на аргументите на своите претходници.

Пратениците најмалку досега од почетокот на набљудувањето се повикуваа дека нивните аргументи се во прилог на општото добро, а истовремено најмногу досега се повикувале на апстрактни принципи.

Пратениците во поголем дел од дискусиите при образложувањето на своите позиции користеа два и повеќе аргументи. Притоа, споредено со претходните месеци се зголеми процентот на дискусии со еден аргумент, а се намали бројот на дискусии во кои не се изнесени аргументи.

Ова се дел од наодите во Петтиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието mk al en кој го подготвува Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“. Извештаите од претходните месеци можете да ги најдете на линкот: http://www.idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa.

Ова е облакот од најкористените зборови во рамки на расправите на седум пленарни седници одржани во декември. 

oblak-Petti-izvestaj-Sobranie

 

Поврзани објави