pogled-na-sobranie-logo-mk

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) и Институтот за Источна и Централна Европа и Балкан (IECOB) објавуваат конкурс за практикантска работа за мотивираните студенти/ки или скорешни дипломирани или магистрирани студенти од сите општествено-хуманистички области.

Вкупно четворица (4) практиканти ќе добијат можност да учествуваат во мониторинг на квалитетот на пратеничките дебати во Собрание во периодот од јануари до мај 2015 во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“. 

Целиот повик можете да го преземете на линкот.