Oblak Sobranie 19juni 30noemvri web

Ова е облакот од зборовите кои пратениците најмногу ги користеа во дискусиите во Собранието во периодот од јуни до крајот на ноември. Големината на зборовите укажува на фреквенцијата на нивното користење на 18 пленарни седници.

Облакот е добиен со внесување на стенографските белешки кои ги водат собраниските служби од говорите изнесени од 5-та до 23-та пленарна седница во апликацијата wordle.net. Притоа, отстранети се зборовите кои учесниците на седниците најчесто се користат во рамки на собраниските процедури со цел да се добијат зборовите кои повеќе ги одразуваат темите за кои зборуваа пратениците.

Целиот облак во оригинална големина може да се погледне и преземе на следниот линк

Институтот за демократија спроведува мониторинг на квалитетот на дебатата во парламентот во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“. 

Во рамки на мониторингот се анализира секој поединечен говор изнесен на дадена собраниска седница според Индексот за квалитет на дебата

На следниот линк може да се следат месечните извештаи од мониторингот на Собранието како и месечните извештаи од мониторингот на медиумското известување за работата на пратениците на македонски, албански и англиски јазик.