logo

Работилница за креирање на Граѓанска стратегија

mreza-01
Share on facebook
Share on twitter

mreza-01

На 3-ти и 4–ти декември во Охрид, во склоп на проектот Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси, се одржа работилница за креирање на Граѓанска стратегија каде проектните партнери заедно со 15-те грантисти (организации),  дел од мрежата,  два дена работеа на креирање на Стратегијата за понатамошно заедничко  делување во овој сектор. Работилнициата беше фокусирана на креирање Стратегија која ќе претставува водич за граѓанските организации за делување во овој сектор, базирана на искуствата на 15-те организации кои во изминатите 3 месеци истражуваа во полето на конфликт на интереси на локално ниво, транспарентност, непотизам, процесот на доделување на јавни набавки и позитивни практики.

Работилницата беше поделена на два дела, првиот дел опфати работа во групи и иденитфикување на критички точки каде граѓанскиот сектор може да се фокусира, како и начини за делување од страна на граѓанскиот сектор за интервенција во  критичките точки. Вториот дел од работилницата се фокусираше на одржливост на мрежата, заедничко делување и начин на комуницирање помеѓу организациите во мрежата. Работилницата беше фацилитирана од страна на претставници на проектните партнери, Јован Близнаковски од Институтот за демократија, Ружица Стојановска од Институтот Охрид и Јане Стефанов од Македонскиот институт за медиуми.

Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси“ е финансиран од ЕУ.

{module rabotilnica20141203}

Поврзани објави