politicka misla logo

Интернационалниот уредувачки борд на кварталниот политички магазин „Политичка мисла“ го објави повикот за 47-тото издание со наслов: „Функционална пазарна економија и општествената (не)еднаковст“.

Заинтересираните кои сакаат да се пријават на овој повик може да пишуваат на темата од различни аспекти и во различен контекст т.е. од аспект на Македонија, во регионална или меѓународна димензија.
Сите оние кои ќе се пријават на овој повик мора да пратат краток абстракт (200-300 збора) и кратка биографија до Уредувачкиот борд, не подоцна од 20ти август 2014.
Крајниот датум за поднесување на финалните верзии на селектираните предлози е 20ти септември 2014. Предлозите и финалните текстови можат да бидат напишани и пратени на македонски, англиски и германски јазик.
Сите текстови мора да бидат во согласност со условите дадени во „Стандарди за објавување на текстови во Политичка мисла“.
Секаков обид за плагијаторство ќе биде санкциониран од страна на уредувачкиот борд.

Сите предлози и текстови треба да бидат испратени на: Sandra.Koljackova@kas.de.