pic001

На 19-ти и 20-ти јуни 2014. година, во Букурешт беше организирана конференција на која беа презентирани извештаи за трошењето не фондовите на Европската унија за медиуми и рекламирање во Романија, Молдавија и Македонија. Конференцијата беше организирана од Центарот за независно новинарство од Букурешт.
Извештајот за Македонија го подготви Миша Поповиќ од Институтот за демократија.
Општ заклучок на компаративната студија беше дека во сите три земји постојат недостатоци во транспарентноста на тоа како се употребуваат овие средства. Во Романија постои назадување во општата рамка на регулативата, во Молдавија недостасува легална реформа додека во Македонија соодветна имплементација на законодавоството.
Студијата на случај за Македонија покажа дека постои недостиг од информации за да се добие јасна слика за обемот на европски пари кои го сочинуваат медиумскиот и рекламен пазар. Праксата покажува дека обемот на средствата во поединечни проекти е релативно мал па во отсуство на отворени набавки многу е тешко да се следи на кој начин се распределуваат овие пари и кај јавните институции но и кај невладиниот и бизнис сектор кој е корисник на овие пари.
Главната препорака е дека е потребно да се има појасен увид во обемот и начинот на кој се распределуваат овие средства, за да може да се види во каков обем рекламирањето во рамки на поединечни проекти влијае на видливоста на Европската унија и ултимативно – нејзиниот рејтинг помеѓу граѓаните.