Истражувачот на Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС), Јован Близнаковски, во периодот 16-17 мај 2014 учествуваше на конференцијата „Современи предизвици на мултикултурализмот и јазичните политики“ која се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На конференцијата, Јован Близнаковски ги претстави наодите на истражувањето на ИДСЦС за спроведувањето на јазичните политики во единиците на локалната самоуправа. Наодите беа претставени во рамки на панелот „Јазични политики“, а презентацијата беше насловена „Официјален мултилингвализам: јазични политики во македонските единици на локалната самоуправа“.
Истражувачкот проект „Локални јазични политики за немнозинските заедници: алатки за поефективна имплементација“ беше спроведен од ИДСЦС во периодот ноември 2013-април 2014, со финансиска поддршка на Словачкиот и Балканскиот фонд за јавни политики.
Конференцијата „Современи предизвици на мултикултурализмот и јазичните политики“ беше организирана од Научниот институт „Макс ван дер Штул“, а на неа беа проследени повеќе од 50 презентации во рамки 6 различни панели.