logo mreza mk

Почитувани,

На 22 мај 2014 во хотелот „Квинс“ лоциран во Зебра Центар – Скопје со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи презентација на истражување на јавно мислење на тема „Перцепции за состојбата со судирот на интереси и проценка на напредокот на Македонија во Европските интеграции“. Презентацијата на истражувањето ќе биде проследена со јавна дебата насловена „Македонија на патот кон Европската унија: моментални перцепции на граѓаните“ на која ќе земат учество истакнати домашни експерти за Европските интеграции.

Истражувањето на јавното мислење, спроведено теренски на репрезентативен национален примерок од 1600 испитаници, иако фокусирано на состојбата со судирот на интереси на локално ниво, покрива и повеќе аспекти од напредокот на Македонија кон Европската Унија. Дел од поставените прашања поврзани со перцепциите на граѓаните за напредокот на Македонија во ЕУ интеграцијата се следните:

Дали Македонија е подготвена за членство во ЕУ?

Кој е степенот на напредок на Македонија во ЕУ интеграциите? Во кои области треба да се посвети најголемо внимание?

Која е главната причина поради која Македонија не е членка на ЕУ?

Колкава е поддршката на граѓаните за процесот на ЕУ интеграција на Македонија? 

Настанот се одржува во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ чија главна цел е да ги зајакне улогата и придонесот на граѓанското општество во остварување на стандардите на доброто владеење и во процесот на ЕУ интеграција. Поконкретно, проектот иницира вклучување на граѓанските организации и поширокото граѓанско општество во процесот на реформа на јавната администрација, како една од клучните области на реформа на патот на Република Македонија кон Европската Унија.

Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ е овозможен со финансиска поддршка на Европската Комисија преку програмата IPA Civil Society Facility, а го спроведуваат Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС), Охрид Институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Програма на настанот

11:00-11:15 Регистрација на учесниците

11:15-11:20 Презентација на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ 

(Јован Близнаковски, истражувач во ИДСЦС)

11:20-11:40 Презентација на истражувањето „Перцепции за состојбата со судирот на интереси и проценка на напредокот на Македонија во Европските интеграции“

(Владимир Мисев, претседател на ИДСЦС)

11:40-12:40 Дебата: „Македонија на патот кон Европската унија: моментални перцепции на граѓаните“

УЧЕСНИЦИ

доц. д-р Јулија Брсаковска Базеркоска, Правен факултет „Јустинијан први“

д-р Малинка Ристевска Јорданова, директор на Институтот за европска политика (ЕПИ)

доц. д-р Иван Дамјановски, Правен факултет „Јустинијан први“