logo

Истражување на јавното мислење во врска со предвремените парламентарни избори

idscs logo
Share on facebook
Share on twitter

https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/project-2.png logo

Институтот за демократија во периодот од 22 март до 6 април 2014 година спроведе истражување на јавното мислење во врска со прашања кои се однесуваат со можноста на граѓаните слободно да го изразат својот став на изборите и рејтинзите на политичките партии во Република Македонија пред предвремените парламентари избори кои треба да се одржат на 27 април 2014 година.
Истражувањето е спроведено преку теренската анкета, „лице в лице“ интервјуа на 1000 случајно избрани испитаници. Примерокот е повеќе-етапен примерок кој ја следи географската дистрибуција на население според региони и поделен на 100 основни примерочни единици. За избор на испитаници во секое домаќинство користен е методот на „последен роденден“. Примерокот е репрезентативен на ниво на целата територија, според пол, возраст и етничка припадност. Сите податоци подлежат на статистичка грешка од ±3,1%. Истражувањето е спроведено и е во сопственост на Институтот за демократија. Истото може да го превземете тука.

Поврзани објави