На 11 април 2014 (петок) претставници на Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС) одржаa предавање насловено „Македонски претседателски избори 2014“ за претставниците на набљудувачката изборна мисија на СИЛБА – Иницијатива за поддршка на слобода и демократија (SILBA – Support Initiative for Liberty and Democracy). Во рамки на предавањето, надбљудувачите од СИЛБА имаа можност да се запознаат со македонската политика и политички систем, спецификите на претседателските избори, кандидатите и нивните платформи, како и историјатот на претходните изборни циклуси за претседател.
Набљудувачката мисија на СИЛБА ја сочинуваат 16 странски набљудувачи и дополнителен број на набљудувачи од Македонија. СИЛБА го набљудуваше првиот круг на претседателските избори кој се оддржа на 13 април 2014 година, а во текот на нивната посета остварија и повеќе средби со претставници на македонскиот граѓански сектор. СИЛБА е данска младинска граѓанска организација која работи на прашања од демократија и слобода во Источна, Централна Европа, Балканот и Кавказот (http://www.silba.dk). Организацијата редовно организира свои изборни набљудувачки мисии во земјите од споменатите региони.