parliament-watchdog-logo

Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС) и Институтот за централна и источна Европа и Балкан (ИЕЦОБ) објавуваат конкурс за практиканти за мотивираните студенти/ки или скорешни дипломци од сите општествено-хуманистички области и активисти од граѓански организации.
Вкупно триесет практиканти ќе бидат обучени и ќе добијат можност да учествуваат во мониторинг на квалитетот на пратеничките дебати во македонското Собрание и анализа на нивното медиумско покривање, како дел од проектот „Поглед на собранието. Набљудување и подобрување на политичката дебата во Собранието на Република Македонија“ финансиран од Европската Унија преку инструментот за човекови права и демократија (ЕИДХР).
Мониторинг на собраниска дебата
Дваесет практиканти ќе работат во делот на набљудување и оценување на квалитетот на собраниската дебата.
ИДСЦС во овој повик ќе избере 10 практиканти кои ќе станат дел од програмата за стажирање. Избраните на конкурсот ќе поминат дводневна обука за „Основи на советодавна демократија и употреба на Индексот за квалитет на дебата“ што ќе биде основа за следење и оценување на квалитетот на дебатата во седум собраниски комисии и на пленарни седници.
По 5 месеци ИДСЦС ќе објави втор конкурс за избор на уште 10 практиканти за истата активност.
Активностите околу обуката на првата група практиканти ќе се одвива во периодот април-мај, а мониторингот ќе се спроведува во периодот од мај до август 2015 година.
Практикантите ќе ги следат расправите преку собранискиот телевизиски канал или на лице место во парламентарните простории.
Дневното ангажирање на набљудувачите ќе варира во зависност од времетраењето на расправите. Мониторите треба да набљудуваат 20 собраниски расправи месечно.
Мониторинг на медиумско покривање на собраниската дебата.
Во рамки на овој конкурс ИДСЦС ќе избере и 10 практиканти кои ќе бидат ангажирани на мониторинг на медиумското покривање на дебатата во парламентарните тела. Ќе бидат избрани пет кандидати чиј мајчин јазик е македонскиот и исто толку со албански јазик.
Ангажманот на секој од практикантите ќе трае 2 месеци во групи од по двајца при што едниот ќе ги покрива медумите кои објавуваат на македонски, а другиот на албански јазик . Мониторингот ќе опфати 10 медиуми, од кои 6 на македонски, а 4 на албански јазик.
ИДСЦС/ИЕЦОБ ќе организираат две обуки на кои практикантите ќе бидат упатени во методологијата за мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието. Првата ќе се одржи во април, а втората во мај.
Мониторингот на медиумите ќе се одвива во период од 10 месеци почнувајќи од јули 2014 година.

Повикот ќе биде отворен 20 дена, од 20 март до 8 април 2014 година. Апликантите како пријава треба да испратат биографија и мотивациско писмо на viktorija@idscs.org.mk . ИДСЦС ќе ги повика на разговор кандидатите селектирани во потесниот избор.