Проектот „Зголемување на транспарентноста и отчетноста преку буџетирање по перформанси” го имплементираат Центар за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за демократија “Социетас цивилис”- Скопје (ИДСЦС). Целта на проектот е да промовира буџетска транспарентност за отчетно трошење на на јавните финансии. Ова е планирано да се прави преку зајакнување на капацитетот на буџетските корисници да имплементираат буџетирање по перформанси за отчетно и транспарентно користење на јавните финансии и преку зголемување на јавната свест за потребите од отчетно и транспарентно користење на јавните финансии. Како дел од овој проект ЦЕА и ИДСЦС ќе подготвуваат извештаи, насоки и студии кои ќе им користат на Владата, државните, јавните институции и воопшто на сите буџетските корисници. Во рамките на проектот ќе се изработат:
• Методологија за мониторинг на транспарентноста и отчетноста на буџетските корисници;
• Мониторинг извештај на транспарентноста и отчетноста на буџетските корисници;
• Извештај за политики на транспарентноста и отчетноста на буџетските корисници;
• Национална работилница за буџетски корисници;
• Студиска посета на земја од ЕУ искусна во буџетирање по перформанси;
• Извештај за политики за потребите и придобивките од буџетирање по перформанси;
• Студија на изводливост за процесот на имплементација на буџетирање по перформанси;
Овој проект ќе ги сподели наодите и препораките за подобрување на транспарентноста на буџетот и преку конференција на национално ниво преку која ќе се води експертска јавна дебата на оваа тема и за начините на кои може да се имплементира буџетирање по перформанси во земјата.
Имплементацијата на овој проект започна во февруари 2014 и ќе трае една година.
Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од програмата Европски инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) со буџет од 101.000 евра.
Повеќе информации можете да добиете кај Марјан Николов на телефон 02/2444 766, на мејл: info@cea.org.mk или посетете ги веб страните www.cea.org.mk и www.idscs.org.mk.
Настани поврзани со проектот
Студија на ЦЕА и ИДСЦС – Буџетските информации треба да бидат јавно достапни
25.12.2014Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје (ИДСЦС) и Центарот...
ИДСЦС и ЦЕА идентификуваат потреба и бенефити од воведување на буџетирање по перформанси во Македонија
22.12.2014Буџетскиот процес во Македонија во последните 23 години во голема...
Работилница „Транспарентно буџетирање базирано на перформанси“
08.12.2014На 25 и 26 ноември 2014 година, Центарот за економски...
Извештај од мониторинг на транспарентноста и отчетноста на буџетските корисници
18.11.2014Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за демократија „Социетас...
ЦЕА и ИДСЦС реализираа студиска посета во Финска за македонски државни службеници
13.11.2014Државни службеници од седум министерства и државни институции кои работат...