politicka misla logo

Интернационалниот уредувачки борд на кварталниот политички магазин „Политичка мисла“ го објави повикот за 46-тото издание со наслов: „Модели на интеграција за безбедна и стабилна Европа – 100 години по Првата светска војна“.

Заинтересираните може да испратат краток абстракт (200-300 збора) и кратка биографија до уредувачкиот борд најкасно до 6ти април 2014 година. Темата може да биде третирана од различни аспекти, во различен контекст, а може да има национална, регионална или интернационална димензија.

Краен рок за поднесување на комплетните трудови е 5ти мај 2014 година. Трудовите може да бидат пишувани на македонски, германски или англиски јазик.

Сите текстови треба да бидат во согласност со условите пропишани во „Стандарди за публикување текстови во Политичка мисла“.

Секаков обид за плагијаторство ќе биде санкциониран од страна на уредувачкиот борд.

Сите предлози и текстови треба да бидат испратени на: Sandra.Koljackova@kas.de.