idscs logo

Почитувани,

фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија “Societas Civilis” би сакале да Ве поканат на тркалезна маса на тема Етнички конфликт: нови перспективи на старата реалност која ќе се оддржи на 12.12.2013 год., четврток во Национална и Универзитетска Библиотека Св. Климент Охридски (НУБ), Скопје со почеток во 11 часот.

Експерти од областа ќе ги дадат своите видувања за минатите искуства и идните предизвици на Република Македонија на ова поле. Воедно настанот ќе биде можност за претставување на најновиот број на нашето политичко списание Политичка мисла, кое е посветено токму на оваа тема, како и на делото „Кулурните идентитети на политиката – аспекти на мултикултурализмот„ од Ана Чупеска, издадена од фондацијата Конрад Аденауер.

Во прилог Ви ја препраќаме програмата со повеќе информации за настанот.

Ќе ни претставува задоволство доколку ја прифатите поканата и земете активно учество на настанот.