ceps01

На 18ти Ноември во „Центарот за Европски политички студии“ (ЦЕПС) се одржа научна работилница во врска со истражувачкиот проект „Европеизација на Западен Балкан преку имплементација на правото“ поддржан од регионалната програма за поддршка на истражувања (РРПП), имплементиран од страна на ИДСЦС. Како водечки форум за дебати поврзани со темите од ЕУ интегративниот процес ЦЕПС претставува одлична платформа за дисеминација на заклучоците кои произлегоа од гореспоменатиот проект.

ceps02

По воспоставувањето близок однос со политичарите, дипломатите, другите експерти во институциите на ЕУ и претставници на земјите од Западен Балкан преку нивно интервјурање, проектниот тим ги претстави заклучоците пред избрана диверзифицирана група во публиката, во контекст на формулирање на идните политики и стратегии на ЕУ. Беше презентиран и документ за јавна политика (policy brief) на тема извадена од проектот а во врска со судските реформи во контекст на ЕУ интегративните поцеси.

ceps03

Работилницата беше модерирана од г-дин Ерван Фуере, истражувач и поранешен претставник на ЕУ во Македонија. Говорници од проектниот тим беа: Марко Кмезиќ – Центар за Југоисточни студии – Универзитет во Грац (Австрија), Зоран Илиевски – Професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Владимир Мисев – Претседател на Институтот за Демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС – Скопје.

ceps04

ceps05

ceps06

ceps07

ceps08

ceps09

ceps10

ceps11

ceps13

ceps13

ceps07

ceps15

ceps16