train2013111

Сара Барбиери и Јован Близнаковски од ИДСЦС учествуваа на последната од трите работилници организирани во рамките на програмата ТРАИН 2013. Работилницата беше спроведена од ДГАП – Германскиот совет за меѓународни односи во Брисел во периодот 10-14 ноември. Учесниците дискутираа за иднината на проширувањето на Европската Унија и политичката ситуација во земјите од Западен Балкан со високи претставници на Европската Комисија, Парламент и Совет. Стратегијата за проширување и Извештаите за напредокот од 2013 беа дискутирани со Лоренс Мередит (Раководител на Одделението А1 за Стратегија за проширување и план), Силвио Гарзано, Марта Удина и Петер Бајтај (од Секретаријатот на Европскиот Парламент, Комитет за меѓународни односи) и со Золтан Маринуз (Директорат Ц2, Генерален Секретаријат на Советот на Европската Унија).
Во текот на работилницата, Сара Барбиери и Јован Близнаковски го презентираа брифот за јавна политика “Надмнинување на етничката сегрегација: Како да се интегрираат јавните училишта во Македонија и Босна и Херцеговина”, во ко-авторство со Роска Вргова од босанската граѓанска организација “Зашто не?”. Брифот беше презентиран пред представниците на Директоратот за проширување на Европската комисија и пред Работната група за Западен Балкан на Европскиот Парламент, со која претседаваше пратеникот Едвард Кукан. Истражувачите од ИДСЦС ги презентираа проблемите поврзани со сегрегацијата во “мешаните училишта”, како и предлозите за подобрување на политиките во оваа сфера.
Брифот за јавна политика ќе биде нашироко дистрибуиран на национално и меѓународно ниво во текот на следните месеци.

train2013112