20131106 1

ИДСЦС, заедно со партнерските организации Македонски центар за меѓународна соработка, Транспарентност Македонија и Асоцијација за демократски иницијативи поминаа обука за “Методологија на Систем за следење корупција“. Обуката која се одржа од 4 до 6 ноември 2013 година беше организиран во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција, а беше воден од страна на Центарот за изучување на демократијата од Софија, Бугарија. Намената на обуката беше да се презентираат постојните меѓународни методи за мониторирање на корупција и антикорупциски реформи и како истите се развиле во практика.

20131106 2

Експертите од Центарот за изучување на демократијата проф. Александар Стојанов, Тихомир Безлов, Руслан Стефанов, Даниела Минева, Борјана Вулчева и Стефан Карабоев презентираа преглед на меѓународни методологии на мониторирање на корупција како на пример, Транспаренси Интернешнл, ГРЕКО и нивните разлики во споредба со Системот за следење корупција. Проф. Александар Стојанов даде продалбочено објаснување за теоретските основи на Системот за следење корупција, како тој функционира, како се конструираат индексите на корупција и што тие значат. Исто така, Руслан Стефанов ја презентираше подготовката на Извештајот за проценка на корупција кој е развиен како производ на Системот за следење корупција.

Покрај учесниците од партнерските организации, обуката ја следеа и претставници од Државната комисија за спречување на корупција, Министерство за правда, УСАИД, Институтот Охрид, Фондацијата Отворено општество Македонија, Коалиција Сите за правично судење, Македонскиот институт за медиуми и Конект.