rrppohrid

На 18.11.2013 ќе биде одржана работилница во врска со проектот „Европеизација на Западен Балкан преку имплементација на правото“ поддржан од „Програмата за регионални истражувања“ на „Швајцарската агенција за соработка“ (СДЦ) кој е имплементиран од Институтот за демократија „СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС“ – Скопје во Брисел во просториите на „Центарот за европски политики“ (ЦЕПС). ЦЕПС е еден од водечките форуми за дебата на теми поврзани со Европската Унија, и истовремено претставува одлична платформа за дисеминација на заклучоците кои произлегоа од овој проект.

По остварувањето тесна комуникација преку интервјуа со политичари, дипломати и други експерти во институциите на ЕУ и нивните претставници во земјите од Западен Балкан, проектниот тим се обиде да ги претстави резултатите од истражувањето кое беше делл од овој проект и да ги прикаже низ една поширока дебата низ која се формулираат политиките и стратегиите на ЕУ , преку организација на оваа работилница. Работилницата ќе биде модерирана од Ерван Фуере, постар истражувач и поранешен претставник на ЕУ во Македонија. Од страна на проектниот тим на работилницата свое учество ќе земат: Марко Кмезиќ – Центар за Југоисточни студиии на Универзитетот во Грац, Зоран Илиевски – Универзитетот во Скопје и Владимир Мисев – Претседател на Институтот за демократија „СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС“ – Скопје.