politicka misla logo

Почитувани,

фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија “Societas Civilis” би сакале да Ве поканат на тркалезна маса на тема Надворешна политика и аспекти на меѓународната дипломатија: Македонската дипломатија во третата деценија од независноста која ќе се оддржи на 01.10.2013 год., вторник во хотелот Stone Bridge, Скопје со почеток во 11 часот.

Носители на високи функции и експерти од областа на надворешната политика и дипломатијата ќе ги дадат своите видувања за минатите искуства и идните предизвици на Република Македонија на ова поле. Воедно настанот ќе биде можност за претставување на најновиот број на нашето политичко списание Политичка мисла, кое е посветено токму на оваа тема. На следниот линк можете да ја превземете програмата за овој настан.

Ќе ни претставува задоволство доколку ја прифатите поканата и земете активно учество на настанот.