konferencija rrpp juli2013 vest

Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа (Србија), Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (Македонија), „Социјално истражување на Косово“ (Косово) и Центарот за општествени истражувања „Аналитика“ (Босна и Херцеговина), во соработка со политичките студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје организира меѓународна научна конференција „Изгубени во транзицијата – граѓанска вклученост во транзиционите промени во општествата од Западен Балкан“. Конференцијата ќе се одржи на 6 и 7 јули 2013 година во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
На конференцијата беа презентирани научни трудови кои ја проучуваат транзицијата во овие општества од аспект на социјална пракса, идеологија, демократизација, род, демографија итн. Конференцијата беше организирана како дел од истражувачкиот проект „Отпор кон социо-економски промени во општествата на Западен Балкан. Тестирање на две теории на социјален развој“ спроведуван во рамки на Регионалната програма за истражувања во Западен Балкан (РРПП). Учесниците на оваа конференција беа од универзитети и научни институти од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Латвија, Германија, Хрватска, Турција, Италија и Унгарија.

Истата побуди голем интерес во медиумите:

24 Вести

Канал 5

Нова Македонија

Алфа

Сител

Инпрес