logo

Споредба на анкетите со резултатите од изборите

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје (ИДСЦС) спроведоа повеќе заеднички активности за локалните избори 2013 година, кои вклучуваа истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето. Дел од активностите се и испитувањата на јавното мислење за прашања поврзани со изборите, како карактеристиките на кандидатот за градоначалник, рејтинзите на кандидати и партии и слично. Во функција на транспарентно информирање на јавноста, МЦМС на 18 март 2013 година изготви преглед на анкетите на секоја од агенциите кои објавија свои рејтинзи за партиите и кандидатите пред изборите (видете на http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/rejtinzi-i-rezultati/rejting-anketi/564-anketi-od-rejting-agenciite.html). Прегледот e направен врз основа на објавени анкети на нивните веб-страници или Фејсбук профили и од објавите во медиумите.

Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs/mcms-https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/project-2.png-sporedba-na-anketite-so-rezultatite-od-izborite.pdf

Поврзани објави