Процесот на евроинтегрирање најчесто се смета за топ приоритет на сите земји од Западен Балкан. Поширокиот процес на европеизација навлегува и подабоко во институциите и општеството, и дава простор за издигнување на натпреварувачки дискурс поврзан со минатото, сегашноста и иднината на Западен Бакан. Европеизациските дискурси се рамката во која на прашањата на идентитет и секојдневна политика им се дава еднаква шанса за реконтекстуаизација.
Улогата на масовните медиуми во процесот на европеизација може да биде разгледуван од неколку аспекти. Тие нудат слики и текстови во вбрска со ЕУ интеграциите, и во тој процес често се случува да им служат на елитите. Тие даваат и простор за дискусија и размена на аргументи на теми поврзани со ЕУ. Градат знаење и разбирање за информирана дебата и го поддржуваат учеството на граѓаните.
Оваа конференција има за цел да ги собере истражувачите заинтересирани за различни европеизациски дискурси, и претставниците на ЕУ, фокусирани примарно не не само единствено на земјите од Западен Балкан.
Трудовите со кои може да се учествува може да бидат на следниве теми:
– Масовните медиуми и политичките дискурси за европеизацијата
– Текстуални и визуелни прикази на Европа
– Крос-дискурзивна анализа на европеизацијата
– Идеолошка подлога за дискурсот на Европа и европеизацијата
– медиумските претставувања во Европски културен контекст
– Медиумите и нивната улога во формирање на европска јавност
– Потенцијаот на интернетот да стане алтернативен канал за атикулирање на различните погледи кон ЕУ
Учество и регистрација:
Апстрактот од максимум 300 збора треба да се испрати на организаторот на: europeanization@ff.uns.ac.rs најкасно до 20 Април 2013 година. Авторите на прифатените апстракти ќе бидат информирани најкасно до 30 Април 2013 година.