logo

ИДСЦС на ТРАИН 2013

train
Share on facebook
Share on twitter

train

ИДСЦС,  заедно со Босанската невладина организација „Зашто не“, се избрани да учествуваат на ТРАИН програмата во 2013. ИДСЦС и Зашто не ќе изработат документ за јавни политики на тема Етничка сепарација и дискриминација во јавните училишта во Македонија и Босна и Херцеговина.
Целта на анализата е да ја прикаже ситуацијата на “етничко образование” во Македонија и Босна и Херцеговина, осврнувајќи се на организацијата и составот на училишниот систем и усвоениот наставен курикулум во двете земји. Поконкректно, студијата ќе ги презентира тековните промени во дискурсот за улогата на образованието во процесот на помирување во поделени општества, нудејќи предлог за јавна политика. Оваа студија е иновативна поради тоа што ќе понуди нов компаративен приод во однос на актуелните политички случувања. Покрај тоа, студијата ќе го реконструира развојот на законодавството кое ги регулира наведените прашања во Македонија и Босна и Херцеговина.
Јован Близнаковски, истражувач од ИДСЦС, ќе го развие истражуваањето и ќе учествува на организираните настани во Загреб, Берлин и Брисел, заедно со Роска Вргова, истражувач од Зашто не. Сара Барбиери, истражувач од ИДСЦС ќе соработува во изработката на компаративната анализа.  

Поврзани објави