idscs logo

по повод последната анкета спроведена за потребите на Собранието на Република Македонија и финансиски поддржана од Вестминстер Фондацијата за Демократија (ВФД)

Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје (ИДСЦС) заедно со Вестминстер Фондацијата за Демократија (ВФД) и во соработка со Собранието на Република Македонија од 2008 година до сега има спроведено четири истражувања на јавното мислење, поврзани со перцепциите на граѓаните за работата на Собранието. Сите истражувања се спроведени по истиот методолошки пристап и користејќи ист анкетен прашалник што претходно беше усогласен и прифатен од страна на сите парламентарни групи во Собранието. По низата реакции во јавноста, а поврзани со последната анкета спроведена на 17-18 јануари 2013 година, чувствуваме потреба да појасниме неколку работи:

– Во пресрет на анкетата која традиционално се спроведува на почетокот на годината, ИДСЦС доби барање за воведување на две дополнителни „контролни“ прашања. Беше кажано дека резултатите од овие две прашања, кои инаку отстапуваат од воспоставениот прашалник што се користи секоја година, ќе послужат единствено за „интерни потреби“.

– ИДСЦС имаа методолошки и содржински забелешки за формулацијата на тие две дополнителни прашања. Сепак по барање на корисникот, а во согласност од нарачателот, беше прифатено тие да бидат додадени на овогодинешниот прашалник, пред сè во име на претходната коректна соработка, но и џентлменски договор дека деталите околу презентирањето на резултатите од анкетата ќе бидат дополнително договорени.

– Форматот на презентација на резултатите од истражувањето, со последниот брифинг за новинари, отстапува од воспоставената пракса од претходните години, кога се одржуваше јавна прес-конференција во Собранието, со присуство на претставници од ИДСЦС и ВФД.