idscs logo

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) организира конференција „Дали антикорупцискиот модел носи резултати во Македонија? – Клучни фактори кои го прават еден модел успешен“ која ќе се одржи на 29 јануари (вторник) во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток од 11 часот. Целта на конференцијата е да се презентира истражувањето на истоимената тема и да се поттикнат политичките фактори  да работат на зајакнување на антикорупцискиот систем во  земјата.

Истражувањето, кое ќе резултира во документ за јавна политика, е реализирано во рамките на проектот „Дали антикорупцискиот модел носи резултати во Македонија? кој е финансиран од Европскиот Фонд за Балканот. Истражувањето го анализираше антикорупцискиот модел во Македонија со фокус на Државната комисија за спречување на корупција, ефектуираната борба против корупција во две други држави, Латвија и Хрватска преку нивните антикорупциски модели и изведува препораки за унапредување на антикорупциските политики во Македонија.

Агендата за настанот можете да ја превземете тука.