idscs logo

Во рамките на истражувачкиот проект “Дали антикорупцискиот модел носи резултати во Македонија?”, кое ја анализираше ефективноста на постоечкиот антикорупциски модел во Македонија, ИДСЦС спроведе две фокус групи кои се користеа за изработка на документ за јавни политики со препораки за македонската анти-корупциска политика. Едната фокус група вклучуваше ескперти и активисти од областа на антикорупцијата, а втората фокус група беше со преставници од генералната јавност. Целта на експертската фокус група беше да се проценат експертските мислења за состојбата со корупцијата во Македонија и работата на различни државни институции кои имаат овластувања во борбата со корупцијата. Исто така за целите на истражувањето беше неопходно да се обезбеди експертската евалуација за работата и составот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Во прилог објавуваме Мислења и ставови за состојбата со корупцијата и работата на антикорупциските институции во Македонија – Заклучоци од експертската фокус група.