logo

Институтот за демократија е дел од Декларацијата за повеќе жени кандидатки за градоначалници на локалните избори 2012

rodovaramnopravnost
Share on facebook
Share on twitter

rodovaramnopravnost

Институтот за демократија се придружи кон Декларацијата иницирана од Македонско женско лоби, Женска граѓанска иницијатива Антико и Национален совет за родова рамноправност – СОЖМ упатена до политичките партии за  кандидирање на најмалку една третина жени кандидатки за градоначалници за локалните избори во 2013 и вклучување на конкретни цели кон унапредување на родовата еднаквост во нивните изборни програми.
ИДСЦС смета дека родовата еднаквост е едно од основните начела на демократијата и укажува дека е неопходна постојана посветеност на ова прашање за развој на демократијата во Македонија. Во изминатата деценија постигнат е значителен напредок во насока на промена на законите која води кон зголемено учество на жените во политичките процеси. Овие легислативни мерки придонесоа кон значително зголемување на бројот на жени во Собранието на Република Македонија и советите на општините. Сепак, на оние позиции за кои законски не се предвидени квоти кои ќе го гарантираат учеството на помалку застапениот пол,  како што се министерски, градоначалнички, извршни функции во политичките партии, директорски и менаџерски бордови, забележливо е отсуство на жените. Балансирано учество на жените и мажите на овие позиции е неопходно за да се креираат и имплементираат политики кои се родово сензитивни и ќе овозможат еднакви можности во политичките, економските и другите општествени процеси во земјата без оглед на родот.
ИДСЦС очекува дека политичките партии сериозно ќе го сфатат повикот на оваа Декларација и дека за изборите во 2013 година барем третина од номинираните кандидати/ки за градоначалнички и советнички места ќе бидат жени.

Поврзани објави