politicka misla logo

Уредувачкиот одбор на изданието „Политичка мисла“, кое го издаваат Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институт за Демократија „Социетас Цивилис„ – Скопје (ИДСЦС), објавува повик за текстови на тема: „Медиуми и Слобода на изразување“.

Заинтересираните автори можат да пишуваат текстови кои ја разгледуваат темата од различен аспект и во различен контекст, пр. Македонија, Регионално или Глобално.

Сите заинтересирани треба да испратат апстракт (200-300 зборови) и кратка биографија до уредувачкиот одбор најкасно до 25-ти Април 2012 година.

Краен рок за доставување на финални верзии на текстовите од избраните апстракти е 20-ти Мај 2012 година. Предлозите (апстрактите) може да бидат на Македонски, Англиски или Германски јазик.

Сите текстови треба да бидат пишувани според „Стандардите за публикување текстови во Политичка мисла.

Апстрактите, текстовите и прашањата да се испраќаат на: Sandra.Koljackova@kas.de

Уредувачки Одбор на „Политичка Мисла“