euro

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје во соработка со Германско-Македонското Стопанско Здружение и Европската Бизнис Асоцијација ја организираат конференцијата на тема: „Иднината на Еврото – Предизвици за монетарна стабилност“ во хотел Александар Палас на 30-ти Март (петок) со почеток во 10:00 часот.

Носители на високи функции и експерти од финансиската и економската сфера во Македонија и регионот ќе дискутираат за нивните погледи во однос на предизвиците и перспективите на економијата во 2012 година, имајќи го во предвид значајниот јубилеј од 10 години заедничка валута на Европа, притоа нудејќи простор за поширока дебата. Воедно настанот ќе биде и можност за претставување на најновиот број на нашето политичко списание „Политичка Мисла“ кое е посветено токму на оваа тема.

Навистина ќе ни претставува задоволство доколку ја прифатите поканата и земете активно учество на настанот. 

 

Во врска со програмата и говорониците повеќе информации можете да најдете тука.