townhall 1581562c

Институтот за демократија моментално работи на компаративна студија за ефективно локално владеење во Западен Балкан. Студијата ја испитува локалната самоуправа во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија. Целта на оваа студија е да ги лоцира проблемите и предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа во овие земји при извршување на своите надлежности. Ова истражување ќе ги идентификува најдобрите практики во сервисирање на услугите за граѓаните на локално ниво и ќе препорача најсоодветни модели за зголемување на транспарентноста и ефективноста на локалните власти. Оваа студија се работи за потребите на Меѓународниот републикански институт.