Во рамки на проектот “Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите: Промоција на локален развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите”, на 07 и 08 декември во Осогово се оддржа обуката за обучувачи.

Предавач на обуката беше Ристо Иванов, а ја посетија 16 активисти на граѓанскиот сектор кои веќе беа дел од обуките за подготовка на ЕУ проекти, а чии проектни идеи беа оценети како најуспешни.

Учесниците беа претставници на граѓански организации од 14 општини од сите 8 плански региони во Македонија.

Темата на обуката беше имплементација, мониторинг и еваулација на европски проекти, како и вмрежување помеѓу невладините организации од цела Македонија.

После оваа обука учесниците се здобија со практични знаења за менаџирање на проектен циклус.